Зеленски за Путин: Мене сакаат да ме убијат само во Русија, а него сака целиот свет

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Претседателот на Украин, Володимир Зеленски, на прес-конференција рече дека досега во Украина загинале најмалку 21.000 членови на „Вагнер“.

Според него, уште 80.000 членови биле ранети.

„Тоа се главно осуденици и оваа војна им послужи како бегство од затвор. Затоа немаа што да изгубат“, рече Зеленски.

„Мораме да ја искористиме оваа ситуација за да го истиснеме непријателот од нашата територија и да ја извојуваме конечната победа“, додаде Зеленски.

Тој зборуваше и за контраофанзивата: „Секој километар чини живот, затоа внимаваме. Секој дел од просторот каде што беа Русите беше целосно миниран. Не смееме да брзаме, блиску сме, тие ја губат оваа војна и затоа сега се караат едни со други.Некој мора да биде виновен за неуспехот“, објасни украинскиот претседател.

На новинарско прашање дали е во опасност и дали се плаши за својот живот, Зеленски одмавна со раката: „Поопасно е за Путин отколку за мене, искрено. Затоа што мене сакаат да ме убијат само во Русија, а него сака целиот свет“.

Слични содржини