Зеленски за руските напади утрово: „Го прават она што го прават најдобро – убиваат цивили“

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски утрово ја коментираше новата серија напади врз украинските градови на апликацијата Телеграм.

„Украина е нападната од окупаторот, кој продолжува да го прави тоа што го прави најдобро – да тероризира и убива цивили. Во Николаев непријателот уништи станбена зграда со ракети С-300. Едно лице загина. Нападнат е и саем на цвеќе. Се прашувам против што се бореа руските терористи таму?“, запраша Зеленски.

„Русите ќе одговараат за ова“

„Терористичката држава нема да постигне ништо со такви дејствија. Само ја потврдуваат својата деструктивна и убиствена суштина, за што секако ќе одговара“, рече Зеленски.

Да потсетиме, во текот на ноќта и утрото руските сили извршија серија воздушни напади врз украинските градови Николаев, Дњепар, Харков, Киев и Криви Рих, родниот град на Зеленски.

Слични содржини