
Состојки:
10 просечно големи листови зелка
250 г пилешко филе
1 мала главица кромид
1 морков
1 ч. ориз
црн пипер
црвен пипер
масло
½ врска магдонос
1 чешне лук
подготовка:
Најнапред исечете го пилешкото филе и зеленчукот на ситно. Во добро загреана тава со масло спуштете ги ситчно сечените моркови, лукот и кромидот. Потоа додадете го пилешкото филе заедно со зачините, а за финале оставете го магдоносот.
Кога месото ќе се испржи ставете го оризот со една кафена чаша вода. Добро е смесата да не е целосно зготвена. Потоа ја одвојте од топлина и оставете да се излади малку. Во секое зелено ливче зест ставете по 1-2 лажичи од смесата односно во зависност од големината на листовите и оформете сарма.
Сармичките се редат во тава, се налева вода и се запечуваат додека зелката омекне (во загреана рерна на 180 степени).