Здружението на единиците на локална самоуправа од понеделник најавува средба за формирање став, по обвинувањата од власта дека општини формираат јавни претпријатија за осветлување за да плаќаат поевтина субвенционирана струја, наместо по пазарни цени.
Тоа се наведува и како причина за најавено поскапување на електричната енергија за домаќинствата.
Поради финти на некои општини струјата за граѓаните може да поскапе за 10 отсто
а само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.
-Пред да почнат да ги разгледуваат пресметките на трошоците од енергетските компании, веќе на граѓаните им се заканува раст од минимум 10%, поради малверзaции кои ги прават дел од општините, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.
Се бара начин како да не го вкалкулира во новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од први јули.
-Измислуваат разно разни финти за да се вратат назад на регулираниот пазар на електрична енергија и заради тоа, само за првите четири месеци имаме трошок од 30 милиони евра. Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив, рече Бислимоски.