ЗЕЛС очекува скоро формирање на комунална полиција и бара глоби до 6000 евра за создавачи на диви депонии

од Nikola Popovski
52 прегледи

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше веќе има изготвен предлог-закон за комунална полиција и во наредниот период ќе разговара со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Верувам дека ќе биде донесено законско решение во скора иднина. Сакам да споменам дека инициравме промена на глобите кои во моментов изнесуваат од 50 до 200 евра. Бараме минималната глоба за создавачите на диви депонии да биде од 4000 до 6000 евра и да постои можност службите во општините да го запленат возилото кое потоа ќе биде предадено на МВР. За жал, поради 3% од нашето население кое е несовесно, ние се доведуваме во состојба да страда целата населба, населено место, општина или дури целата држава да има проблеми. Верувам дека ќе имаме поддршка за овие измени, рече Ѓорѓиевски пред седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС.

Воведувањето на комунална полиција во општините, која ќе се грижи за локалниот комунален ред, чистота и зачувување на животната средина, остана празно ветување кое не беше исполнето во мандатот на претходната Влада. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на бившата Влада 2020-2024 во делот за животна средина како проект кој ќе започне да функционира, на улиците нема комунални полицајци. Не е готов ниту законот што би ги регулирал правата и обврските на оваа нова служба, а првичната законска верзија е заглавена во бесконечни административни процедури и префрлања на надлежности.

Слични содржини