ЗЕЛС предлага да се засадат дрвја низ државата во чест на лицата кои загинаа во кочанската трагедија

од Nikola Popovski
49 прегледи

По извршените вонредни контроли на училиштата, градинките, јавните установи, спортските сали, домови на културата низ општините, од ЗЕЛС информираа дека досега сите се безбедни и побараа граѓаните да бидат спокојни. Проверени се 90% од училиштата и градинките. Рекоа дека инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а на препорака на ЗЕЛС и во сите станбени згради во општините.

Според претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, инспектори од едни општини ќе контролираат во други поради недостигот на вработени. Тој порача „граѓаните да веруваат во нив како институции“. Исто така рече дека ЗЕЛС донеле заклучок до сите градоначалници да ги откажат јавни настани кои биле планирани од страна на локалните самоуправи и да се најд

-Еден од предлозите беше во чест на младите лица кои ги изгубија своите животи, да бидат засадени дрвја низ државата и на тој начин да оддадеме почит кон нив, кажа Ѓорѓиевски.

Според него, недостигаат 40 градежни инспектори во општините.

Слични содржини