Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја потресе Албанија, по што следеа три послаби земјотреси, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 02:43 часот на длабочина од пет километри, а епицентарот бил на 95 километри од градот Елбасан.
Последователно, во текот на ноќта имало уште три земјотреси со јачина од 3,7, потоа 3,4 и на крајот од 3,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти EMSC.
Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.