144
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот брег на Папуа во Индонезија, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештајот на EMSC, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.