Земал 450 евра од тетка му за лекување на родителите, парите ги прокоцкал во казино

од Nikola Popovski
353 прегледи

МВР поднесе кривична пријава против 41-годишен велешанец со иницијали А. Д. поради сомнение за сторено кривично дело измама.

Како што велат од полицијата, на 10 септември годинава, пријавениот, на тетка си телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа, во која била повредена сестра ѝ и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување.

Таа му дала 450 евра, а кога се јавил и повторно побарал пари за лекување на неговите родители, таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите.

Кога ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во полиција.

Набргу потоа измамникот бил пронајден и приведен, а во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино.

Слични содржини