Земал 92.000 денари за да му ја реновира куќата, по што го измамил

од Nikola Popovski
297 прегледи

Жител на струшкото село Велгошти платил 92.000 денари за реконструкција на куќа, по што пријавил во полиција дека e измамен.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(32) од село Велгошти, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

-На 8.9.2022, пријавениот со писмен договор се обврзал за извршување градежни работи – реконструкција на куќата на едно лице, при што примил парични средства во износ од 92.000 денари, но не започнал со градежни активности, со што го довел во заблуда оштетениот, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини