Земан: Руската политика е сè поирационална, Путин можеби не блефира

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Чешка, Милош Земан, предупреди дека руската политика станува се поирационална и дека е можно Владимир Путин да не блефира кога му се заканува на светот со нуклеарно оружје.

„За жал, ирационалноста е се поприсутна во руската политика. Токму затоа не се осмелувам да тврдам дека нуклеарното заплашување е само блефирање. На крајот на краиштата, самиот Путин во своето обраќање јасно кажа: Јас не блефирам“, изјави Земан во интервју за чешкиот весник „Млада Фронта Днес“.

Делумната мобилизација во Русија, според чешкиот претседател, е резултат на руските воени неуспеси во Украина и нагласи дека ниту една демократска земја не може да ги признае референдумите кога тие се организираат под вооружен притисок.

„Опасни се тие закани со нуклеарно оружје под многу транспарентен изговор: овие окупирани територии по референдумот се руски и во согласност со нашата доктрина, ние сме должни да ја браниме руската територија со секое оружје. Референдуми организирани под вооружен притисок не може да ги признае ниту една демократска земја“, нагласи Земан.

Слични содржини