Земете си чадор: Најави за нестабилно време со пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski
36 прегледи

Како што информираат од УХМР, времето денеска се очекува да биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Минималните утрински температури ќе се движат од 11 во Берово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 26 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Скопје и Гевгелија.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Температурата ќе се движи од 17 до 36 степени.

Според УХРМ од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Слично време нѐ очекува и в недела кога ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

Слични содржини