Челниците на Арсенал ја пропуштија можноста во јануари да доведат напаѓач кој би им помогнал да се борат за титулата во Премиер лигата. Веќе е јасно дека оваа одлука беше погрешна бидејќи Арсенал заостанува далеку зад Ливерпул (12 бода), а прашање е како без вистински центарфор ќе му се спротивстави на Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Арсенал го „брани“ тоа што не се засили во зимскиот преоден рок со тоа што реши да заштеди пари за да го доведе напаѓачот што го посакува Микел Артета следното лето. A Артета го сака – Александар Исак, центарфорот на Њукасл!
Исак е фудбалер кој го бара половина Европа, а Арсенал реши прв да даде понуда и јасно им стави до знаење на челниците на Њукасл дека нема простор за никакви преговори. Според англиските и некои шпански медиуми, Арсенал испратил официјална понуда од 120 милиони евра до Њукасл и сега чека одговор. Англиските медиуми тврдат дека ова е последна понуда на Артета.
Швеѓанецот му помогна на својот тим во финалето на Карабао купот против Ливерпул, во кое Њукасл славеше и го освои трофејот.
За Исак, покрај Арсенал, огромен интерес покажа и Ливерпул, но Артета со сите сили сака да го доведе Исак бидејќи во него гледа се што му недостига за да се бори со „црвените“ за титулата во Премиер лигата.