Земјиштето за пензионерски, детски и студентски домови ќе се продава по 70 денари за квадрат

од desk2
125 прегледи

Во 58 општини во реоните пет и шест, градежното земјиште за дооформување на парцела за изградба на ученички или студенстки домови, како и домови за престој на стари лица, за деца без родители или за незгрижени лица ќе се продава со непосредна спогодба по цена од 70 денари за метар квадратен.

Како што појасни на денешната прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, оваа цена и непосредната спогодба важат само за дооформување градежна парцела за оваа намена. Останатото земјиште на РМ и натаму ќе се продава со јавен повик. Изградбата на објектите ќе се одвива соогласно постојните урбанистички планови.

Изборот на општините, потенцира, е направен врз основа на проценките за интерес за изградба на објекти за ваква намена, но и потребата да се поттикне развојот во одредени општини.