Земјите со најмлади милијардери во Европа

од Vladimir Zorba
346 прегледи

Исланд може да се пофали дека ги има најмладите милијардери во Европа со просечна возраст на луѓето со состојба од 7 цифри од 48,5 години, според студијата на GetCash.com, врз основа на податоците на Forbes.

Најмладиот милијардер во Исланд е Дејвид Хелгасон (44), ко-основач на компанијата за развој на игри Unity Software.

Компанијата излезе на берза во Њујорк во 2020 година, а Хелгасон има удел од 4 отсто во неа.

Другиот исландски милијардер е инвеститорот Тор Бјорголфсон (59)

Данска е на второто место, а просечната возраст на милијардерите во земјата е 49,4 години. Најмладиот милијардер во Данска е наследничката на компанијата за чевли Ecco Ана Каспзак (32), додека еден од основачите на Lego – Kелд Килд Кирк Кристијансен (74) и најголемиот акционер во компанијата за медицински помагала Coloplast – Нилс Петер Луис -Хансен (74) се најстари.

Првата тројка ја формира Норвешка, каде просечната возраст на милијардерите е 52,3 години. Наследничките на холдинг компанијата Ferd AS – сестрите Александра (25 години) и Катарина Андресен (27 години), се најмладите милијардери во земјата.

На спротивниот пол е Монако кој се наоѓа на 28. место на рангирањето. Во кнежевството, кое е познато по концентрацијата на богатите, просечната возраст на милијардерите е 79,6 години. Познатите браќа на трговци со модерна уметност Дејвид (73) и Езра (75) Нахмад се најстарите милијардери во земјата.

Најмладиот милијардер во Европа е Германецот Кевин Дејвид Леман, кој има само 19 години, поседува 50% од синџирот dm.

Второто и третото место се за Александра (25 години) и Катерина Андресен (35 години), додека на четвртото место е Густав Магнар Витзоу. Тој е исто така Норвежанец и поседува половина од компанијата за лосос на неговиот татко SalMar ASA.

Првата петорка на најмладите милијардери во Европа ја надополнува Лиза Дрекселмаер, акционер во компанијата која е сопственик на германскиот производител на автоделови Fritz Draexlmaier Co & KG.

Најстариот милијардер во Европа е 95-годишниот Швајцарец Серџо Мантегаца, претседател и сопственик на мултинационалната туристичка компанија Globus.

По него следуваат Германецот Траудл Енгелхорн (94), Ирецот Палоњи Мистри (93 години), Австриецот Гастон Глок (92 години) и Англичанецот Берни Еклстоун (91 година).

Користејќи ги податоците од Forbes, GetCash.com ги идентификуваше имињата и возраста на 619 милијардери од 29 земји во Европа. Тие не ги вклучуваат Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Естонија, Казахстан, Северна Македонија, Сан Марино и Словенија поради недостаток на информации за нив во Forbes.

Податоците се актуелни заклучно со 4 февруари 2022 година.

Слични содржини