Земјоделците ги блокираа улиците и подметнаа пожар во Брисел

од Radmila Tasevska

Во Брисел речиси 1.000 земјоделци на трактори блокираа неколку централни улици, особено во близина на европскиот кварт, каде се очекува лидерите на Европската унија да присуствуваат на вонредниот состанок на Европскиот совет.

Земјоделците, кои дојдоа од цела Европа да протестираат против Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и Зелениот договор, а особено од Италија, го блокираа плоштадот пред Европскиот парламент и подметнаа пожар палејќи дрва и гуми.

Пријавени се и други случаи на вандализам, како фрлање камења и палење петарди, а сообраќајот бил во прекин во околината на Брисел.

Конвој земјоделци на трактори се упати вчера кон седиштето на ЕУ во Брисел со цел да ги претстави своите жалби поврзани со високите цени, правилата и бирократијата на лидерите на блокот на самитот, кој е предвиден за дискусија во врска со испраќањето помош за Украина.

Слични содржини