419
Протест на земјоделците кои бараат повисоки субвенции од Владата. Демонстрантите пред владата наместо своите барања, скандираа ,,Македонија’’ и ,,лопови’’, а бараа и оставка од премиерот Зоран Заев.
Освен со пароли, протестираат и со знамиња со сонцето од Кутлеш. Велат дека ги има од сите партии и дека не е партиски протест, иако дел од медиумите објавија аудио материјали во кои се слуша дека протестите биле организирани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
,,Нема да подлегнеме под притисоците, ќе си ги бараме нашите права. Нека не ни исплаќаат субвенции само пред избори’’, велат демонстрантите.
Велат, им се ветувале многу работи, но ништо не им било исполнето, како и дека пуштиле само 20% на некои земјоделци. Инаку, протестот на земјоделците се снима со дрон од стартот, пред Мавровка, до доаѓањето на демонстрантите пред влада.
Тие велат дека сами организирале дрон за да ги снимаат своите протести.
Александар Тодески
Фото: Локално.мк