505
Вечерва во 22:14 часот земјотрес ја стресе Албанија, а истиот беше почувствуван и во Дебар.
Според првичните информации кои ги пренесуваат албанските медиуми епицентарот е на шест километри од градот Лежа со јачина од 4,8 степени според Рихтер и на длабочина од 10 километри.Земјотресот е почувствуван и во повеќе албански градови, Фуш Круја, Драч, Скадар и Тирана.