Земјотрес ја стресе Љубљана: „Како нешто да експлодира“

од Nikola Popovski
397 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,0 степени ја стресе Љубљана, а жителите опишале дека траел неколку секунди и дека звучело како нешто да експлодирало.

„Земјотресот со јачина од 3,00 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на словенечкиот главен град“, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Земјотресот е регистриран во 13:03 часот.

Словенечките сеизмолози објавија дека јачината на земјотресот е 2,9 степени според Рихтеровата скала. Според првите податоци, епицентарот бил на десет километри источно од Љубљана, во близина на Домжале.

Граѓаните кои го почувствувале земјотресот пријавиле во евро-медитеранскиот сеизмолошки центар дека земјотресот траел само две-три секунди, но изгледало како нешто експлодирало.

Според еден граѓанин, земјотресот бил придружуван од многу необичен звук, сличен на подземна експлозија.

Слични содржини