На полуостровот Халкидики на северот на Грција денеска околу пладне забележан е земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала.

ANA пренесува според податоците на сеизмолошката станица на Аристотеловиот универзитет во Солун, дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри западно и северозападно од градот Арнаја.
Се наведува дека земјотресот бил на мала длабочина и дека се почувствувал во Солун.