191
Земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран денеска во Турција, објави веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од пет километри, односно на 41 километар западно од градот Ерзурум, кој се наоѓа на надморска височина од 1.900 метри.
Засега нема извештаи за можни штети, а Ерзурум се наоѓа на истокот на Анадолија, односно на околу 1.300 километри источно од Истанбул и има околу 450.000 жители.