383
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја стресе јужната иранска провинција Бушер, каде што се наоѓа нуклеарната централа.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета, пренесe Ројтерс повикувајќи се на иранската државна телевизија.
Земјотресот се случи на длабочина од околу 10 километри под земјата.
Иранските тимови на Црвената полумесечина се испратени во погодената област.