182
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина, како и во Хрватска.
Одделението за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека во 6 часот и 11 минути е регистриран помал земјотрес со епицентар на 4 километри југозападно од градот Чараѓе во општина Никшиќ и на длабочина од 14 километри.
Јачината на овој земјотрес во фокусната точка беше 3,6 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од IV-V степени на Меркалиевата скала.