Земјотрес од 4,3 степени во близина на Лефкада

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе областа во близина на грчкиот остров Лефкада.

Земјотресот се случил на 287 километри западно-северозападно од Атина, а епицентарот бил во морската област осум километри западно/југозападно од градот Василики Лефкада, пренесе Катимерини, цитирајќи соопштение од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Слични содржини