Вчера во Грција е регистриран нов земјотрес. Овој пат до егејскиот остров Карпатос, јави АФП, повикувајќи се на грчкиот институт за геодинамика. Нема информации за жртви и штети.

Земјотресот е со јачина од 4,8 степени Рихтер . Регистриран е во 09.51 часот на Гринич 71 километар од брегот на Карпатос на длабочина од околу 10 километри, информира институтот.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е со јачина од 5,0 степени според Рихтер, 69 километри југоисточно од Карпатос, 148 километри јужно од Родос и 367 километри јужно од Измир. Исто така, се вели дека бил на длабочина од 10 км.
Пред само три дена, 5,2 на Рихтер го потресе островот Крит , а пред една недела е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер на 20 километри северозападно од Атина.