Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер ја погоди попладнево Црна Гора, а истиот со помал интензитет се почувствува и во Македонија и во Скопје.

Потресот бил на длабочина од два километри, во близина на Владимир, а не бил со доволна јачина за да предизвика материјална штета или жртви.
Не се знае ни со колкав интензитет е точно почувствуван кај нас.