Земјотрес од 7,3 степени ја погоди Јапонија: Се слуша како се тресе цела зграда (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
208 прегледи

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од силниот земјотрес кој денеска ја погоди Јапонија.

„Ова е моето биро, во Токио, сега. Се слуша како се тресе целата зграда“, стои во описот на видеото во кое сè се ниша од силината на земјотресот.

Потсетуваме, силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот брег на Јапонија, поради што беше издадено предупредување за цунами за регионите Фукушима и Мијаги.

Земјотресот ја погоди истата област како и во 2011 година, кога земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима. Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Сведоците на земјотресот на веб-страницата EMSC (Европски медитерански сеизмолошки центар) пишуваат дека потресот бил многу силен.

„Мојот 45-ти кат се уште се тресе“, вели еден корисник.

Друг, кој тврди дека пишува од американската поморска база во Јокосука, изјавил дека земјотресот траел долго, дека неговиот стан на шестиот кат се тресел и дека земјотресот го разбудил.

„Се чувствуваше многу силно во Кашима. Станот цело време силно се лулаше“, гласи еден коментар.

Слични содржини