Земјотрес од 7 степени во Мекско

од desk2
84 прегледи

Земјотрес со интензитет од 7 степени го погоди југозападниот брег на Мексико, соопшти ДПА, повикувајќи се на тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами.

Потресот се случил во 7.29 часот по Гринич крај бреговите на државата Чиапас, близу границата со Гватемала. Нема опасност од цунами.

Геофизичкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина 111 километри, на 15 километри северозападно од градот Сан Маркос во Гватемала.