365
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Алјаска рано во неделата, објави Геолошкиот институт на САД (USGS).
Американскиот систем за предупредување издаде закана од цунами по земјотресот.
Земјотресот бил на длабочина од 9,3 километри, соопшти USGS. И EMSC регистрираше земјотрес со јачина од 7,4 степени на 60 милји јужно од Сенд Поинт.