258
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, регистрираше земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.