209
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер ја погоди Турција.
Погодена е турската провинција Ван на југоистокот од земјата, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи (АФАД).
Според пораката на министерството на Твитер, земјотресите се регистрирани во 12:54 часот по локално време во областа Тушба.
Изворот на земјотресот бил на длабочина од 7,01 километар, пренесе РИА.