Земјотрес со интензитет од 6,1 степен ја погоди Индонезија

од Radmila Tasevska
321 прегледи

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен е регистриран во Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Силниот земјотрес се случил на длабочина од 11 километри, со епицентар во Банда Море, 345 километри југоисточно од градот Амбон, соопшти центарот со седиште во Париз.

Нема информации за жртви или материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за цунами.

Претходно оваа недела два силни земјотреси беа регистрирани во морето Банда, во централниот дел на индонезискиот архипелаг.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот Пацифички огнен прстен – најсеизмичкиот регион на Земјата. Во земјата често се случуваат земјотреси, од кои некои се смртоносни.

Слични содржини