146
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Германија.
Се почувствувал на многу места – од Ротенбург на запад до Плинген на истокот од земјата, јавуваат германските медиуми.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Балинген, Тибинген и Баден-Виртемберг.
Според првичните податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.