Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Дубровник

од Nikola Popovski
177 прегледи

Синоќа околу 23 часот повторно се тресело тлото во Хрватска, овој пат во областа околу Дубровник, каде бил регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 68 километри југоисточно од Мостар и 14 километри југозападно од Дубровник, на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Овој земјотрес можел да се почувствува во областа на јужна Далмација, како и во Босна и Херцеговина.

„Бевме разбудени од земјотресот, многу се вознемиривме“, се дел од коментарите на читателите на „Далмација Данас“, а слични коментари биле објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.

Слични содржини