Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран денес на грчкиот остров Крит, на длабочина од 12 километри, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според веб-страницата на Центарот, епицентарот на земјотресот се наоѓал 119 километри југозападно од градот Хераклион и 56 километри од градот Палеохора.
Според грчкиот „Катимерини“, земјотресот е регистриран пет километри северозападно од Гавдос.