Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот бил почувствуван во делови на Њујорк, Конектикат и Њу Џерси, пренесува „Њујорк пост“, а длабочината на земјотресот била 10 км.
Гувернерите во Њу Џерси, Њујорк и Пенсилванија, потврдија во постови на „X“ дека земјотрес потресе области во нивните сојузни држави.
„Нашиот регион штотуку доживеа земјотрес со прелиминарна јачина од 4,7 степени, со епицентар во близина на Редингтон во округот Хантердон. Го активиравме нашиот Државен оперативен центар за вонредни состојби,“ напиша гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи.
Летовите на аеродромите во Њујорк беа привремено беа прекинати по земјотресот: летовите на „Џон Ф. Кенеди“ беа суспендирани кусо времедодека слетувањата на аеродромот „Либерти“ во Њуарк беа дозволени нон-стоп, соопшти Федералната управа за авијација, според Си-ен-ен.
Поради земјотресот кусо беше прекината и седницата на Советот за безбедност во седиштето на ОН во Њујорк.
Иако е невообичаено њујорчани да доживеат земјотрес, настанот не е без преседан, но тоа не ги спречи жителите на Големото Јаболко да ја фатат работата на мајтап. Покрај најочигледните коментари („имавме земјотрес“), еве некои од најдобрите твитови за вознемирувачкиот феномен.
Набргу откако жителите го почувствуваа земјотресот, многумина споделија шеги и мимови на социјалните мрежи. „Њузвик“ објави неколку од нив. Со коментар за јави дури и Емпајер стејт билдинг.
„Го преживеавме земјотресот во Њујорк. Ќе го обновиме“, напиша корисникот на „X“, Брендон Трусо, споделувајќи фотографија од корпа за отпадоци.
We survived the NYC earthquake.
We will rebuild pic.twitter.com/8Zwvlz2Jg5
— Brandon Trusso (@brandontrusso) April 5, 2024
Корисникот на „X“, Ендрју ЛаСане, пак, сподели видео со мим и напиша: „Сите во Њујорк сега. #земјотрес“.
Everyone in NY just now. #earthquake pic.twitter.com/Xo68kzNXvC
— Andrew LaSane (@laptop_lasane) April 5, 2024