Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди источна Турција

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе провинцијата Елазиг во источна Турција.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу објави на Твитер дека нема извештаи за жртви или штети.

Земјотресот се случил во 9 часот и 37 минути и бил почувствуван во неколку соседни провинции, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Земјотресите се чести во Турција, при што загинаа повеќе од 40 лица во јануари кога земјотрес со јачина од 6,8 степени ги стресе Елазиг и соседната провинција Малатја.

Разорен земјотрес го погоди западниот пристанишен град Измир во октомври, при што загинаа 116 лица.

Најсилниот земјотрес во Турција, на северозападот на земјата, се случи во 1999 година, кога загинаа 18.000 луѓе.

Слични содржини