166
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина.
Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесе Екатимерини.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.
Според проценката на „EMSC“, земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.