Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Чиле

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле, но засега нема информации за поголема материјална штета или повредени, пренесува „Ројтерс“.

Земјотресот во средата бил во областа на 20 километри југоисточно од Ранкагва, Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Во извештајот на Европскиот медитерански сеизмолошки центар се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 100 километри.

Слични содржини