272
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во провинцијата Фарс, на југот на Иран, јави иранската државна телевизија.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хештат.
Во извештајот на агенцијата се наведува дека засега нема податоци за потенцијални жртви, ниту за материјална штета.