202
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јужна Калифорнија, која потоа беше погодена од тропската бура Хилари.
Епицентарот на земјотресот што се случи во неделата попладне по локално време бил северно од Лос Анџелес, а тресењето на земјата се почувствувало на голема површина на југот на таа американска сојузна држава, јавуваат американските медиуми.
Уследиле неколку земјотреси со помал интензитет.