Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди Мексико

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Баја Калифорнија во јужниот дел на Мексико, јавува „Анадолија“.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на Мексиканскиот залив, 131 километар источно од туристичкото место Кабо Сан Лукас.

Според првичните информации, земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри и нема човечки жртви или материјална штета.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.

Мексико не е непознат за силната сеизмичка активност.

Во земјата има бројни активни вулкани.

Слични содржини