181
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди зоната југоисточно од островите што ја сочинуваат административната област на Нова Каледонија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 141 километар.
„Нема опасност од цунами по земјотресот“, соопшти американскиот центар за предупредување од цунами, пренесе „Ројтерс“.