Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното, во префектурата Ишикава.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Сузу, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Не е издадено предупредување за цунами.