Земјотрес во Хрватска, повторно се тресе тлото кај Петриње

од Nikola Popovski
211 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска во 12 часот и 30 минути ја погоди Бановина, кај Петриње во Хрватска.

Како што соопшти ЕМСЦ, епицентарот бил на 16 километри западно од Петриње, на длабочина од 5 километри.

 

„Земјотрес кај Петриње, бевме надвор и за малку ќе падневме. Господе мили“, стои во еден од коментарите на ЕМСЦ.

Во друг коментар стои дека за време на земјотресот се тресела цела населба.

Некои тврдат дека земјотресот бил почувствуван и во Загреб.

Пред речиси година и пол, седум лица загинаа во разорниот земјотрес којшто го погоди Петрињe.

Слични содржини