165
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денес во близина на Гњилане, објави Геолошкиот институт во Косово.
Земјотресот беше почувствуван во 16:46 часот.Епицентарот бил на растојание од осум до десет километри југоисточно од Гњилане, на длабочина од два километри.
Послаби земјотреси се почувствуваа во регионот на Гњилане, во областа на селата Угjаре и Малишево, по должината на административната линија и на северот на Северна Македонија.