Земјотрес во Мадрид: Рамос и официјално го напушти Реал!

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос и официјално повеќе не е член на „кралскиот“ клуб.

Откако му истече договорот, тој инсистираше на двегодишен договор, додека политиката што ја спроведува Флорентино Перез е да им дава на постарите играчи договори на една година.

Не дојде до заеднички јазик, па репрезентативецот на Шпанија утре на прес-конференција официјално ќе стане поранешен фудбалер на Реал.

– Реал Мадрид ја информира јавноста дека утре ќе се одржи проштална конференција, а причината е заминувањето на капитенот Серхио Рамос од клубот. На јавноста ќе и се обрати Флорентино Перез, а потоа и самиот Рамос, според клубот на официјалната веб-страница.

Рамос дојде во Реал од Севиља во 2005 година за 27 милиони евра и од тој момент започнува бајката.

Со Реал тој ја освои Примера шест пати, Шпанскиот куп двапати и Шпанскиот Суперкуп пет пати. Згора на сето тоа, тој ја освои Лигата на шампионите четири пати, трипати Европскиот Суперкуп и четири пати беше светски шампион со „кралевите“.

За Мадрид одигра 469 натпревари и постигна 72 гола, што е феноменално за еден човек од срцето на одбраната.

Слични содржини