Според извештаите на американскиот ЕСПН, Лос Анџелес Лејкерс се на пат да предизвикаат вистински земјотрес на НБА пазарот.
Имено, според добро упатениот Шамс Чаранија, четирикратниот МВП, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс, коj оваа сезона дебитира[e во НБА, наводно се дел од сензационална размена со Голден Стејт Вориорс.
Во замена за Џејмс, Вориорс се согласија на неверојатни услови.
– Лос Анџелес Лејкерс наводно го менуваат четирикратниот МВП Леброн Џејмс, како и Брони Џејмс, со Голден Стејт Вориорс за Ендрју Вигинс, Кајл Андерсон и рекордни девет пикови од првата драфт рунда, пренесува ESPN.
Ова е потег без преседан во историјата на НБА, бидејќи досега не е забележана размена од ваков обем, ниту пак вклучување татко и син во ист пакет.
Официјална потврда на трејдот и првите коментари од играчите се уште се чекаат, но едно е сигурно, доколку се случи ова, ќе биде трејд за кој долго ќе се зборува.