Земјотрес во Романија, од почетокот на месецот регистрирани 26 земјотреси во земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала рано утрово ја погоди областа Вранчеа во Романија, покажуваат податоците објавени од Националниот институт за истражување на земјата.

Земјотресот се случи на длабочина од 78 километри, пренесува „Аџерпрес“.

Од почетокот на месецот во Романија се регистрирани 26 земјотреси, со јачина од 2,0 до 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Слични содржини