Земјотрес во Свети Николе и Штип

од Берта Китинска
247 прегледи

Земјотрес со јачина од 3 Рихтерови степени е регистриран денеска во 11:49 часот со епицентар на подрачјето Свети Николе – Штип, 65 киломтери југоисточно од Скопје.

– Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда 3.0, а беше почувствуван од населението на Свети Николе, Кочани, Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала , соопшти попладнево Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Слични содржини